logo

Буџет базиран на перформанси – За подобар буџетски процес и зголемување на транспарентноста и отчетноста

Share on facebook
Share on twitter

Огледало на секоја економска програма и листа на приоритети која ја има една држава, преставува Буџетот на една земја. Планирањето и спроведувањето на Буџетот на една држава преставува планирање и спроведување на нејзините планови и приоритети за идниот едногодишен период, кои ќе имаат влијание и во наредните години. На политичкиот пазар кој е многу сличен со кој било друг пазар, граѓанинот врз основа на презентирањето на приоритетите (квалитетите на производот) на секоја од презентираните политички платформи одлучува да го даде својот глас (да се реши да го купи производот) за определена политичка опција. Давањето на својот глас (купувањето на производот) воедно преставува и давање на право на избраната политичка платформа (продавачот) во иднина да одлучува за цената која треба да ја плати секој од избирачите (одлучува за даноците и другите давачки) и приоритетите за кои собраните средства ќе бидат потрошени (производот кој во иднина ќе го добие купувачот). Планот за реализација, т.е. зделката која е склучена на политичкиот пазар, односно планот за обезбедување на средствата и нивно трошење на најефикасен и најефективен начин, е рефлектиран во Буџетот кој е предложен. Според тоа, граѓаните го полнат Буџетот и имаат право да знаат како се трошат нивните пари. Домаќинското трошење на Буџетот обезбедува подобар живот за сите граѓани, па поради тоа граѓаните треба да знаат колку вложуваат за Буџетот, за што се трошат парите и што добиваат од трошењето на Буџетот и тоа по која цена (CEA, 2013).

Целосниот документ може да го најдете на следниот линк: http://idscs.budzet-baziran-na-performansi-za-podobar-budzetski-proces-mk.pdf

Поврзани објави