sobranie-debata-wordcloud-19juni-31juli-idscsweb

Вака изгледа облакот од 200-те зборови кои најмногу ги користеле пратениците во македонското Собрание. Облакот ги покажува најкористените зборови од страна на учесниците на 13 пленарни седници во периодот од 19 јуни до 31 јули.

Зборовите се појавуваат со анализа на фреквенцијата на нивното користење врз основа на стенографските белешки од седниците кои ги водат собраниските служби. Со внесувањето на вкупно 326 страници текст од говорите на пратениците произлегува дека во овој период на врвот на јазикот најчесто им се Република Македонија, законите, заблагодарувањето кон своите колеги, предлозите, постапките, Собранието, годините и комисиите.

Облакот е создаден преку апликацијата Wordle.net.