sobranieto pod lupa

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) и Институтот за централна и источна Европа и Балкан (IECOB) објавуваат конкурс за платена практикантска работа за мотивираните студенти/ки или скорешни дипломци од сите општествено-хуманистички области, аналитичари и активисти од граѓански организации.

Вкупно тројца практиканти ќе бидат обучени и ќе добијат можност да учествуваат во мониторинг на квалитетот на пратеничките дебати во македонското Собрание и анализа на нивното медиумско покривање во периодот од 1 октомври до 30 ноември во рамки на проектот „Собранието под лупа! Засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“.
 
Мониторинг на собраниска дебата
 
Двајца практиканти ќе бидат ангажирани во делот на набљудување и оценување на квалитетот на собраниската дебата.
ИДСЦС во овој повик ќе избере 2 практиканти кои ќе станат дел од програмата за стажирање. Избраните на конкурсот ќе поминат еднодневна обука за „Основи на делиберативната (дебатна) демократија и употреба на Индексот за квалитет на дебата“ што ќе биде основа за следење и оценување на квалитетот на дебатата во седум собраниски комисии и на пленарни седници.
Практикантите ќе ги следат расправите преку собранискиот телевизиски канал и на лице место во парламентарните простории.
Дневното ангажирање на набљудувачите ќе варира во зависност од времетраењето на расправите.
 
Мониторинг на медиумско покривање на собраниската дебата
 
Во рамки на овој конкурс ИДСЦС ќе избере и еден до двајца практиканти кои ќе бидат ангажирани на мониторинг на медиумското покривање на дебатата во парламентарните тела.
Пожелно е кандидатите за мониторинг на медиумите да ги познаваат и македонскиот и албанскиот јазик.
Мониторингот ќе опфати 10 медиуми, од кои 6 на македонски, а 4 на албански јазик.
Повикот ќе биде отворен 10 дена од објавувањето. Апликантите како пријава треба да испратат кратка биографија и мотивациско писмо на viktorija@idscs.org.mk. Доколку постои голем интерес, ИДСЦС ќе ги повика на разговор кандидатите селектирани во потесниот избор.