logo

Извештај: Сиромашна дебата во Собранието

komisija
Share on facebook
Share on twitter

komisija

На седниците на Собранието ретко доаѓа до размена на мислења и ставови околу законските предлози. Малиот број на реплики и контрареплики по излагањата на пратениците не овозможуваат преку дебата да се тестира валидноста и издржаноста на изнесените аргументи од говорниците со што би се добиле поквалитетни одлуки во прилог на општото добро и јавниот интерес.
Ова се дел од основните наоди во првиот извештај од мониторингот на квалитетот на дебатата во Собранието кој го изведува Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во рамки на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“.

Според податоците добиени од анализата на говорите која се врши според Индексот за квалитет на дебата на 20 собраниски седници во периодот од 19 јуни до 3 август пратениците кои земале збор во најголем дел ги аргументираа своите позиции со 2 и повеќе од 2 аргументи. Во овој период тие не покажаа голем интерес за аргументите изнесени од други пратеници, ниту подготвеност за менување на своите ставовите и позиции поради други подобри аргументи изнесени во текот на дебатите.

На мониторираните седници пратениците само во ретки случаи употребија послаби форми на недоличен говор што заедно со малиот број на прекини и ограничувања укажува на моментална ниска поларизираност во работата на Собранието во мониторираниот период.

Мониторингот на Собранието опфаќа следење на дебатата на пленарните и на седниците на осум комисии одбрани според нивното значење за политичките процеси и култура во државата. Говорите на пратениците на овие седници ќе се анализираат во траење од 10 месеци.

Проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“ го водат Институтот за демократија и италијанскиот Институт за Централна, Источна Европа и Балкан и е финансиран од Европската Унија.

Поврзани објави