logo mreza mak

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС), Охрид институтот за економски стратегии и меѓународни односи (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“ објавуваат:

П О В И К

За аплицирање за мали грантови (до 180.000 денари) за граѓански организации за спроведување на проекти за спречување на конфликтот на интереси и корупцијата во јавната администрација на локално ниво.
Повикот е наменет за сите граѓански организации регистрирани на територијата на Република Македонија, во период не помал од две (2) години од денот на објавување на повикот.
Од организациите се очекува да спроведат истражувања на темите судир на интереси и корупција на локално ниво врз база на веќе утврдена методологија. Од организациите се очекува да изготват извештај за своите истражувања и да ги презентираат пред јавноста. Освен финансиската поддршка, проектните партнери за избраните грантисти ќе овозможат и две обуки со цел поуспешно спроведување на проектите: 1) Обука за истражувачки методи и изработка на извештаи од истражувањата и 2) Обука за дисеминација на истражувачките резултати. Организациите ќе бидат поддржани и преку менторирање од страна на проектните партнери.

Краен рок за доставување на апликациите е 11 јули 2014 година, на адресата povici@idscs.org.mk.

Целосен текст на повикот

Формулар за аплицирање

Методологија за истражување на судир на интереси и корупција на локално ниво

Проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“ е финансиран од Европската Унија, во рамки на програмата IPA Civil Society Facility.

Често поставувани прашања и одговори:

1. Дали една организација може да учествува со повеќе проектни предлози?

– Секоја организација апликант може да учествува со само еден проектен предлог. Избраните организации ќе бидат поддржани за имплементација на не повеќе од еден проект.

2. Што се случува доколку не ги доставам сите потребни документи?

– При аплицирањето организациите мораат да достават: 1) целосно и уредно пополнета апликација (сите барање во апликацијата треба да бидат исполнети); 2) Документ тековна состојба издаден од централниот регистар; и 3) Биланс на приходи и биланс на успех од завршната сметка од 2013 година. Доколку кој било од овие документи недостасува, апликацијата ќе биде отфрлена во целост уште пред фазата на евалуација од страна на Комисијата.

3. Дали се примаат апликации по крајниот рок?

– Сите апликации кои ќе бидат испратени по крајниот рок (11 јули 2014) ќе бидат автоматски отфрлени.

4. Дали можам апликацијата да ја доставам поштенски или физички?

– Апликациите се доставуваат исклучиво електронски и тоа на адресата за е-пошта: povici@idscs.org.mk, со назнака во subject: Граѓанска мрежа – Повик за мали грантови.

5. Каде можам да се обратам доколку имам прашања околу повикот?

– Контакт лице за повикот е Јован Близнаковски (ИДСЦС). Одговор на Вашите прашања можете да добиете преку порака на адресите: jovan@idscs.org.mk или povici@idscs.org.mk; или на телефонот + 389 2 3094 760.