
Јован Близнаковски, истражувач во Институтот за демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС Скопје (ИДСЦС), учествуваше на меѓународната научна конференција „Strategies of Symbolic Nation-Building in South Eastern Europe“. Конференцијата се одржа во Риека, Хрватска во периодот од 8 до 10 мај 2014 година и претставуваше завршен настан од истоимениот тригодишен истражувачки проект. Повеќе од 40 учесници учествуваа со свои презентации во рамки на 11 панели кои се фокусираа на различни области од современите студии на градењето на нации и национализмот.

Позната историчарка Марија Тодорова, автор на влијателната книга „Замислувајќи го Балканот“ го одржа воведниот говор на конференцијата, а со свои презентации учествуваа и Пал Колсто, Флоријан Бибер, Ерик Горди, Стефан Троебст, Дејан Ѓокиќ и други познати истражувачи на феномените на градење на нации и национализам во Југоисточна Европа. Во рамки на конференцијата беше промовирана и публикацијата „Strategies of Symbolic Nation-Building in South Eastern Europe“, уредена од Пол Колсто.
Јован Близнаковски учествуваше со своја презентација насловена „Симболички аспекти на проблемот со официјалниот јазик во Македонија“ во рамки на панелот „Јазик и лингвистички идентитет“.

Веб страница на конференцијата: http://www.ffri.hr/cultstud/index.php/istrazivanje/konferencije/368-strategies-of-symbolic-nation-building-in-south-eastern-europe
Post Views: 289