logo

Меѓународен повик за пракса во СЕЛДИ мрежата (со промена)

regionalna koalicija za antikorupcija
Share on facebook
Share on twitter

regionalna koalicija za antikorupcija

СЕЛДИ коалицијата за спречување на корупцијата и добро владеење, на која припаѓаат Институтот за демократија (ИДСЦС), Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Охрид Институтот (ОИ) објавува меѓународен конкурс за практикантска работа за мотивираните студенти/ки или скорешни дипломци од сите општествено-хуманистички области. Практикантите ќе имаат можност да работат со врвни професионалци, истражувачи, аналитичари, новинари и застапувачи, во една од 17 организации од Југоисточна Европа, членки на мрежата.

Праксата ќе се обавува во времетраење од најмалку три месеци, а во периодот од март до септември 2014 пристигнатите апликации ќе се разгледуваат еднаш месечно. Дневното ангажирање на практикантите ќе изнесува 4 часа. По претходен договор и најава може да се случи практикантот да ја промени примарната организација и да учествува во работата на друга партнерска организација од коалицијата. Праксата е неплатена.

Ве молиме да ги доставите вашите пријави на nelly.gospodinova@online.bg. Кандидатите селектирани во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор.

Целосниот повик на англиски јазик со повеќе детали за потребните квалификации, критериуми и услови за аплицирање може да го погледнете тука.

Поврзани објави