
Институтот за демократија заедно со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) спроведоа истражување на тема „Глобално водство, соседство и односи со Бугарија и спорот за името“. Истото треба да послужи за информирана јавна дебата за предизвиците на Македонија во натамошните евроатлантски интеграции. Испитувањето на јавното мислење направено преку теренска анкета во периодот 15 ноември – 1 декември 2013 година на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници со +/- 3 % грешка.
Заради обемноста на истражувањето, наодите беа објавени во четири дела:
1. Глобално водство
2. Добрососедски односи
3. Односите со Бугарија
4. Спорот за името
Интегрално, целиот извештај може да го погледнете на следниот линк.
Post Views: 692