konferencija belgrad

Проектниот координатор Зоран Илиевски и Марко Кмезиќ во улога на истражувачки координатор на проектот „Европеизација на Западен Балкан низ имплементација на правото“ ги презентираа проетните заклучоци и препораки на годишната конференција на РРПП одржана во Белград. Конференцијата насловена како „Социјални, политички и економски промени во Западен Балкан“ се одржа од 24-26 Мај 2013 година во хотелот Холифеј Ин во Белград каде беа презентирани голем број проекти финансирани од РРПП програмата на Швајцарската фондација за поддршка на развојот.