logo

Политичката култура во Македонија – извештај за националното теренско истражување

idscs logo
Share on facebook
Share on twitter

https://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2021/11/project-2.png logo

Резиме: Истражувањето е спроведено врз основа на неколку глобални и европски истажувања од страна на реномирани експерти во областа на политичката култура, како што е истражувачкиот проект Граѓанска култура на еминентните научници од унивезитетот Станфорд, Габриел Алмонд и Сидни Верба. Оваа студија се состои од три дела: анкета на јавното мислење на национално ниво со цел да се соберат статистички релевантни податоци за политичката култура кај општата популација, потоа фокус-групи со граѓаните за повторно разгледување на собраните податоци од анкетата, но од квалитативен аспект, и индивидуални интервјуа и една фокус-група со експерти каде улогата на експертите е давање на сугестии и коментари на резултатите од анкетата со цел да се добие квантитативна основа за анализа.
Извештајот ја портретира политичката култура во Македонија преку фокус на на следниве теми:
степен на политизација на општеството;
поддршка за одреден поредок/владеење;
поддршка за политичкиот систем наспроти поддршката за насилство за политички цели;
политичка социјализација и вредности (одговорност, претприемништво, род, семејство);
социјален капитал и капацитет за здружување;
социјален клиентилизам/патримонијализам, легалистичка култура/граѓански активизам;
религија наспроти секуларизам;
ставови за етничките прашања;
поддршка и солидарност за маргинализираните групи.
Главни заклучоци од ова истражување се дека структуираноста на политичката култура во Македонија лежи во недостиг на лична одговорност што е настанато како како последица на длабоко вкоренетиот социјален клиентилизам и патримонијализам кои се многу карактеристични за македонското општество. Мнозинството испитаници ја подржуваат демократијата (72,6%), но сепак има тенденција да се се верува дека интелектуалците треба да ги носат најдобриот дел од одлуките за земјата. За останатите податоци, прочитајте повеќе во публикацијата.

Поврзани објави