logo

ИДСЦС на регионална конференција во Белград „Главни корупциски предизвици и мерките за нивно решавање во Југоисточна Европа“

seldi
Share on facebook
Share on twitter

seldi

Институтот за демократија, претставуван од Илина Мангова учествуваше  на регионалната конференција  „Главни корупциски предизвици и мерките за нивно решавање во Југоисточна Европа“ која на 22 мај 2013 година се одржа во Белград, Србија во организација на Мрежата за лидерство за развој и интегритет во Југоисточна Европа (South-East Europe Leadership for Development and Integrity – SELDI). На конференцијата се вршеа финални консултации и се одобруваше СЕЛДИ Стратегијата и Акцискиот план за добро владеење и антикорупција во Западен Балкан и Турција.

На конференцијата се дискутираше на три теми
а) Антикорупцски стратегии и институции во Србија и Југосточна Европа: состојба и предизвици
б) Транспарентност на јавните финансии: Корупција и антикорупција во јавните набавки и јавните финансии
в) Набљудување на корупцијата и антикорупциските реформи во Југоисточна Европа: улога, капацитет и интегритет на граѓанското општество.

Во рамките на конференцијата Илина Мангова имаше излагање на темата „Дали антикорупцискиот модел носи резултати во Македонија?“ во кое се презентираа наодите и препораките од неодамнешното истражување кое на оваа тема го правеше ИДСЦС. Мангова потенцираше дека во услови на ниска свест на институциите и вршителите на јавни функции за транспарентност и одговорност, неопходно е да се воведат законодавни мерки кое ќе гарантираат транспарентност и одговорност на истите.

СЕЛДИ мрежата е коалиција за антикорупција и добро владеење на граѓански организации од Југоисточна Европа која вклучува партнери од 9 земји (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Србија, Турција и Црна Гора). Мрежата е координирана од Центарот за изучување на демократија од Бугарија и функционира врз база на заедничка стратегија и согласна агенда за акција. Покрај ИДСЦС, партнери на оваа мрежа во Македонија се Македонскиот центар за меѓународна соработка и Охрид Институтот. Целта на оваа регионална иницијатива е да придонесе кон динамизирање на граѓанско општество во регионот, да се оспособи да учествува во јавните дебати и да влијае врз политиките и процесот на донесување на одлуки во областа на антикорупцијата и доброто владеење.

Поврзани објави