fbpx
logo

Одржана презентацијата за политичката култура во Македонија

fes pf idscs

fes pf https://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2021/11/project-2.png

Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС), департманот за политички студии при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и Институтот за демократија „Societas Civilis” – Скопје (ИДСЦС) на 15.05.2013 година одржаа панел дискусија на тема „Политичката култура во Република Македонија“. Дискусијата ја отвори Деканот на Правниот Факултет, проф. д-р Борче Давитковски, а беше проследен од страна на постојаниот претставник на ФЕС во Македонија д-р Хајнц Бонграц. Модератор на првиот дел од панелот беше проф. д-р Ненад Марковиќ од Катедрата за политички науки при Правниот Факултет, кој што е и еден од авторите на оваа публикација заедно со претставникот од ИДСЦС Миша Поповиќ. На вториот дел од панелот излагања имаа и проф. д-р Гордана Силјаноска и проф. д-р Рената Дескоска од Правниот факултет, и проф. д-р Мерсел Биљали од Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) од Тетово.

Стручната дискусија се одржа во Свечената сала на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Поврзани објави