rrppohrid

Центарот за емпириски културни студии на Југоисточна Европа (Србија), Институтот за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (Македонија), „Социјално истражување на Косово“ (Косово) и Центарот за општествени истражувања “Аналитика” (Босна и Херцеговина), во соработка со Катедрата за политички науки при Правниот факултет “Јустинијан први”, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” од Скопје, објавуваат повик за научни трудови за меѓународна конференција

“Изгубени во транзицијата – граѓанска вклученост во транзиционите промени во општествата од Западен Балкан”

Конференцијата ќе се одржи на 6 и 7 јули 2013 година во Скопје, Република Македонија

Конференцијата е огранизирана како дел од проектот „Отпор кон социо-економски промени во општествата на Западен Балкан. Тестирање на две теории на социјален развој“спроведуван во рамски на Регионалната програма за истражувања во Западен Балкан (РРПП), водена од Универзитетот во Фрибург и финансирано од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), Федерален департман за надворешни работи.

Повикот и инструкциите за аплицирање се достапни тука (англиски јазик). Сите заинтересирани треба да испратат резиме на трудот до 10 јуни 2013. Пред подготвувањето на резиме задоложително консултирајте ги инструкциите во повикот.