logo

Дали антикорупцискиот модел дава резултати во Македонија? – Клучни фактори кои го прават еден модел успешен

idscs logo
Share on facebook
Share on twitter

https://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2021/11/project-2.png logo

Оваа студија за националната политика за антикорупција го поставува прашањето “Дали
антикорупцискиот модел носи резултати во Македонија?“ Со цел да се одговори тоа прашање, оваа студија ги разгледа клучните фактори кои носат резултати во борбата против корупција во две други држави, Латвија и Хрватска. Оваа компаративна евалуација
разгледуваше различни типови на модели, бидејќи ниеден модел не е доволен фактор само за себе. Вториот метод воведе уникатен модел на нивото на корупција, со цел да се оцени политичката тежина на иницијативите за кривични пријави покренати од страна на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во Македонија. За разлика од легалистичките и нормативни пристапи, овој метод се фокусира на тоа колку длабоко потенцијалните корупциски случаи имаат влезено во политичкиот систем.

Оваа студија на спроведување на јавна политика дојде до заклучок дека Македонија има слаб антикорупциски систем. Воведувањето на ДКСК како специјализирана антикорупциска институција сепак донесе до позитивно поместување од претходниот ста-тускво. Досега ДКСК има произведено државни антикорупциски програми, извршена е контрола на анкетните листови на јавните службеници и конфликтот на интереси и со ова остварува антикорупциски напори кои не би се реализирале доколку ваква институција не беше формирана. Уште поважно е дека Комисијата има покренато 131 иницијатива за кривично гонење, сомневања за корупција кои би можеле да бидат незабележани од страна на другите институции, доколку тие не беа иницирани од ДКСК.

Сепак оваа студија утврди дека во постоечкиот антикорупциски систем во Македонија не постои единствена институција што може да се нарече водечка институција во борбата против корупцијата. И покрај целокупното мислење дека оваа улога и припаѓа на Државната комисија за спречување на корупција, оваа институција не е во состојба да ги исполни сите очекувања. Во десетте години постоење на ДКСК не ѝ е даден институциски и буџетски капацитет, институциска поставеност и законодавно овластување за да ја исполни ваквата улога. Дополнително, со извесни исклучоци Комисијата не покажа човечки капитал, храброст и иницијатива која секоја водечка институција би требало да ја поседува. Истражувањето покажа дека и покрај проактивниот пристап кон сомневањата на корупцијата со високо ниво, во почетните години на своето основање, а подоцна и во некои инцидентни случаи, Комисијата немала храброст и лидерство за да служи како контролор на Владата. Нејзината независност, непристрасност, капацитет и перформанси се намалуваат од еден во друг мандат.

Поврзани објави