Секоја дискусија за корупција треба да се постави на едно претходно усвоено сфаќање: корупцијата е сложен и широко распространет феномен. Ова не треба да се сфати како изговор, туку како основа која има сет на импликации во однос на тоа како да се приста- пи на овој проблем. Поимањето дека корупцијата е сложен проблем значи дека на ис- тиот треба да му се пристапи на еден сеопфатен начин, со високо ниво на политичка волја, суштествени институциски, буџетски ресурси и, специјализирани стручњаци. Фактот што корупцијата е широко распространета значи дека ниедно општество, сиромашно или богато не е имуно на корупција и дека не е веројатно дека корупцијата ќе биде целосно искоренета.
Целосниот документ може да го најдете на следниот линк: http://idscs/anti-corruption%20model%20in%20macedonia%20policy%20study_mk_eng.pdf