fbpx
logo

Број 40: 10 години од Политичка мисла

pm40

pm40
Институтот за демократија и Фондацијата „Конрад Аденауер“ на 14 декември 2012 го одбележаат издавaњето на 40тиот број и десетгодишнината од првото издание на Политичка Мисла. По тој повод во хотелот Александар Палас се одржа работен ручек и дискусија на која главен гостин беше Претседателот на Република Македонија, д-р. Ѓорѓе Иванов. На присутните гости најпрвин со воведни излагања им се обратија г-ѓата Ања Чимек, официјален претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер” и Претседателот на ИДСЦС, г-динот Владимир Мисев. Подоцна, присутните го проследија обраќањата на двајцата основачи на списанието, г-динот  Андреас Клајн, прв претставник на Фондацијата “Конрад Аденауер” во Македонија и Претседателот на РМ, д-р. Ѓорѓе Иванов.
40-тиот број на Политичка Мисла е посветен на Локалната самоуправа и учеството на граѓаните. 13 автори ги презентираат своите согледувања на прашања поврзани со ефективно учество на граѓаните во локалната самоуправа од локална, национална, регионална и глобална перспектива. Истражувачите од Институтот за демократија, Илина Мангова и Јован Близнаковски, исто така имаат објавено трудови на тема „Непосредното учество на граѓаните – проблем за демократско локално владеење во Западен Балкан“ и „Лингвистичката компетенција како фактор за граѓанско учество во РМ – политики на локално ниво“.

Поврзани објави