Институот за демократија спроведе испитување на јавното мислење за решенијата за статусот на учесниците и жртвите од конфликтот кој се случи во Македонија во 2001 година. Испитувањето на јавното мислење беше спроведено по телефон на национален репрезентативен примерок од 1100 испитаници во периодот од 14 до 17 септември 2012 година.
Податоците собрани во анкетата служат како една основа врз база на која е подготвена анализа од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) „Закон за бранители“ – Краток осврт на политиките за реинтеграција. Мотивот за да се спроведе оваа анкета и да се подготви овој осврт беше поднесувањето на предлог законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, во јавноста познат и како „Закон за бранителите“. Овој осврт доаѓа во време кога ова е едно од најактуелните прашања и аргументирано информира за политики на реинтеграција.
Постапката на донесување на законот и дебатата околу него повеќе од два месеци креираат тензии на етничка основа, а решение не се наѕира. Овој осврт има за цел да придонесе во надминувањето на проблемот, со воведување елементи на споредби со меѓународните практики и ставовите на јавноста.
Истата може да се превземе тука во .pdf формат.