Ова истражување има за цел да укаже на системските недостатоци при процесот на мониторинг на работата на локалната самоуправа во Македонија. Ќе се истражува во колкава мерка правните процедури се имплементираат преку соодветни политики и практики, и колкав е степенот на соработка помеѓу граѓанските организации и локалните самоуправи при носењето на овие политики. Како конечен продукт ова истражување ќе продуцира документ со предлог препораки во насока на подобрување на работата на локалната самоуправа како и на граѓанските организации во Македонија.