Почитувани читатели, За Република Македонија, 2011 година е година на значајни годишнини. Пред дваесет години, нејзините граѓани ја донесоа историската одлука да основаат своја независна, суверена, демократска и социјална држава. Врз основа на одлуката донесена на референдумот што се одржа на 17. XI 1991 г., Собранието на Република Македонија го усвои најважниот државен и правен акт – Уставот на Република Македонија. Уставот ја дефинираше Република Македонија како независна држава, чиј суверенитет потекнува од граѓаните и ним им припаѓа. Новата демократска и социјална држава беше основана врз начелата на парламентарната демократија, поделбата и независноста на трите власти, владеењето на правото, пазарната економија и неприкосновеноста на приватната сопственост. Суштината на уставните одредби се однесуваше на широк спектар на основни слободи и права на поединецот и граѓанинот.
Целосниот документ може да го најдете на следниот линк: http://idscs/broj-35.pdf