fbpx
logo

Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија

untitled
Основни информации за проектот
„Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“
Mедиумската писменост е дефинирана како способност за ефикасно комуницирање (споделување, разбирање или ширење) на информации и на знаење преку медиумите или од нив. Поради тоа медиумската писменост е интегрален дел од ефикасната социјална трансформација, и помага во ангажирањето на јавноста, како и во воспоставувањето на стандарди за јавна отчетност и транспарентност.
Проектот „Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“ треба да им помогне на децата, адлесцентите и младите луѓе, да да ги унапредат своите познавања за улогата и функцијата на медиумите во демократските општества. Целта е тие да можат критички да им пристапат, да ги анализираат и проценуваат медиумските содржини и пораки што доаѓаат од различни видови медиуми – печат, електронски медиуми, Интернет, реклами – што би им овозможило  поангажирано учество во демократските процеси.
Концептот за медиумска писменост ќе биде промовиран и имплементиран во предметот мајчин јазик во сите години од основното и средното образование во Македонија. Проектот се состои од следните активности:
1. Обуки за наставници и професори
Се предвудува да се одржат 60-тина обуки на кои ќе бидат обучени околу 1.500 наставници и професори од основните и од средните училишта од Македонија, кои понатаму ќе предаваат за медиумската писменост во рамки на предметот мајчин јазик.
2. Креирање веб-страница
Целта на веб-страницата ќе биде претставување и популаризирање на концептот за медиумска писменост меѓу младите генерации во Македонија. На веб-страницата ќе може да се најдат сите информации поврзани со концептот за медиумската писменост, како и за самиот проект. Таа треба да послужи како алатка за добивање поголеми знаења од оваа област, за онлајн тренинзи, и како простор каде ќе може да се разменуваат искуства, информации и знаење.
3. Тркалезна маса
На тркалезната маса, која ќе се одржи во Скопје, ќе бидат поканети експерти од земјава и од странство, со цел да се иницира дискусија низ која би се размениле искуства, идеи и информации од оваа област меѓу организациите кои спроведуваат слични проекти во регионот, но и со цел да се зацртаат насоки за тоа како најдобро може да се изучува медиумската писменост.
4. Издавање прирачник за медиумска писменост
Со проектот се планира подготвување и издавање прирачник за медиумска писменост на македонски, албански, српски и турски јазик, кој ќе се користи во основните и во средните училишта, во образовните институции во земјава, како и од страна на медиумските професионалци.
Проектот ќе го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за демократија, Европскиот центар за новинарство од Холандија и Бирото за развој на образованието кое е под надлежност на Министерството за образование и наука на Р. Македонија. Финансиската поддршка за проектот е обезбедена преку програмата МАТРА на холандското Министерство за надворешни работи.
untitled


„Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“

Проектот „Унапредување на медиумската писменост во образованието во Република Македонија“ имаше за цел да им помогне на децата, адолесцентите и младите луѓе, да ги унапредат своите познавања за улогата и функцијата на медиумите во демократските општества. Намерата беше да се унапредат знаењата и вештините кај младата популација и наставниот кадар за критички пристап, употреба и анализа на медиумските содржини што доаѓаат од различни видови медиуми – печат, електронски медиуми, интернетот и рекламите. Всушност, проектот треба да поттикне  поангажирано учество на граѓаните на Република Македонија во демократските процеси. Активностите беа имплементирани од страна на Европскиот центар за новинарство од Холандија, Македонскиот институт за медиуми и Институтот за демократија, во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија и Бирото за развој на образованието. Финансиската поддршка беше обезбедена преку програмата МАТРА на Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.
Целиот извештај можете да го превземете тука. [pdf]

Поврзани објави