Во рамки на проектот “Зајакнување на цивилното општество преку градење на капацитетите: Промоција на локален развој преку поголема искористеност на ЕУ фондовите”, на 17– 18 октомври и 25 -26 октомври во Велес се оддржа четвртата обука за подготовка на ЕУ проекти.
Предавач на обуката беше Ристо Иванов, а ја посетија учесници од граѓанските организации и локалните самоуправи од општините Велес, Кавадарци, Неготино, Лозово, Градско и Демир Капија.
Целта на обуката беше претставниците од граѓанските организации и од локалната самоуправа да соработуваат и заедно да дојдат до проектни идеи кои ќе ги развиваат во проектни апликации.
Post Views: 373