Институтот за демократија “Социетас Цивилис”- Скопје во рамките на проектот “Зајакнување на цивилното општество преку градење на капацитетите- промоција на локалниот развој преку поголема искористеност на ЕУ фондовите” објавува отворен повик за обуки за подготовка на проектни апликации за ЕУ фондови. Обуките се планирани да траат четири дена ( два пати по два дена). Подобни за аплицирање се граѓански организации и вработени во единиците на локалните самоуправи. 

Следни обуки ќе бидат организирани во:

  • Маврово: 24 – 25 ноември и 01 – 02 декември 2011

За обуката во Маврово, општините Маврово и Ростуша, Гостивар, Брвеница, Врапчиште, Боговиње, Тетово, Теарце, Јегуновце и Желино.
Краен рок за пријавување: 14 ноември 2011

Пополнет формулар за пријавување и CV на учесникот, кои треба да се испратат на josipa.rizankoska@idscs.org.mk со назнака АПЛИКАЦИЈА ЗА ОБУКИ ЗА ЕУ ФОНДОВИ- (Општината каде е регистрирана организацијата).