Во рамки на проектот “Зајакнување на цивилното општество преку градење на капацитетите: Промоција на локален развој преку поголема искористеност на ЕУ фондовите”, на 29 – 30 септември и 6 -7 октомври во Струга се оддржа втората обука за подготовка на ЕУ проекти.  

Предавач на обуката беше Ристо Иванов, а ја посетија учесници од граѓанските организации и локалните самоуправи од општините Охрид, Центар Жупа, Дебар, Другово и Кичево.  

Целта на обуката беше претставниците од граѓанските организации и од  локалната самоуправа да соработуваат и заедно да дојдат до проектни идеи кои ќе ги развиваат во проектни апликации.

web2

web1