logo

Обука за Зајакнување на цивилното општество преку градење на капацитетите во Берово

web1
Share on facebook
Share on twitter

Во рамки на проектот “Зајакнување на цивилното општество преку градење на капацитетите: Промоција на локален развој преку поголема искористеност на ЕУ фондовите”, на 15 – 16 и 22 -23 септември во Берово се оддржа првата обука за подготовка на ЕУ проекти.
Предавач на обуката беше Александар Гумберовски, а ја посетија учесници од граѓанските организации и локалните самоуправи од општините Виница, Кочани, Пехчево, Берово и Штип.
Вакви обуки ќе бидат оддржани во секој плански регион во државата, односно во 8 различни градови. Целта е претставници од граѓанските организации, како и претставници од единиците на локалната самоуправа да соработуваат и заедно да дојдат до проектна идеја која во текот на обуката ќе ја развиваат во проектна апликација.
Конкурсот за пријавување на наредните обуки е во тек.

web1

web2

Поврзани објави