30 професори по мајчин јазик од основните училишта од Велес, на 18 и 19 Февруари 2011 година, ги продлабочија своите теоретски знаења како и практични вештини за пренесување знаење на своите ученици од областа на медиумската писменост. Предавањата беа спроведени од страна на Владимир Мисев од Институт за Демократија и Назим Рашиди од Македонскиот Институт за Медиуми.
Целта на проектот “Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија” е унапредување на познавањата на децата, адолесцентите и младите луѓе, за улогата и функцијата на медиумите во демократските општества. На овој начин, тие ќе бидат во можност критички да им пристапат, да ги анализираат и проценуваат медиумските содржини и пораки, што од своја страна би овозможило поангажирано учество во демократските процеси.
Проектот го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за демократија, Европскиот центар за новинарство од Холандија, Министерството за образование и наука на Република Македонија и Бирото за развој на образованието. Финансиската поддршка е обезбедена преку програмата МАТРА на холандското Министерство за надворешни работи.