Во рамки на проектот “Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија” на 26 и 27 Ноември 2010 во Струмица беше оддржана обука за наставен кадар од основните школи . На оваа обука присуствуваа 22 професори од основните школи од Струмица, Радовиш ,село Ињево, Ораовица и Конче.
Овие професори имаа можност да ги унапредат своите знаења, и натака во текот на нивната работа во училиштата, да ги унапредат знаењата на нивните ученици во однос на медиумската писменост. Предавањата спроведени од Марко Трошаноски и Владимир Мисев од Институт за Демократија “Социетас Цивилис” – Скопје, опфаќаа повеќе теми од областа на медиумската писменост и тоа влијанието на медиумите во општеството, основи на новинарството и медиумската продукција, политика и медиуми и нови медиуми. Обуката воедно содржеше и практични вежби кои потоа може да се спроведат на час со учениците, како и дискусии.
Обуките за “Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија” се организирани и спроведени од страна на Македонски институт за медиуми и Институт за демократија, а во соработка со Европскиот центар за новинарство и Бирото за развој на образованието, финансиски поддржани од МАТРА програмата на Холандското министерство за надворешни работи.