На 26 и 27 август и 3 и 4 септемви 2010 во Битола беа оддржани две обуки за медиумска писменост. Предавачите Сеад Џигал, Дејан Андонов, Петрит Сарачини и Александра Теменугова ги пренесуваа знаењата од областа на медиумската писменост на 60 наставници по мајчин јазик од основни и средни училишта од Битола, Ресен и Демир Капија. Оваа обука го означи почетокот на втората фаза на обуките.
Повеќе од 100 наставници и професори беа дел од овие обуки во текот на првата фаза на спроведување на проектот, на кои имаа можност да се запознаат со Медиумската писменост како една релативно нова област чија основна цел е да ги унапредува знаењата на младите во однос на улогата и функцијата на медиумите во општеството, и на тој начин кај нив да развива еден критички и аналитички пристап при перцепцијата на медиумските содржини кои произлегуваат како од традиционалните така и од новите медиуми.
Овие обуки беа организирани и спроведени од страна на Македонскиот институт за медиуми и Институтот за демократија, во соработка со Европскиот центар за новинарство и Бирото за развој на образованието, финансиски поддржано од програмата МАТРА на холандското Министерство за надворешни работи.