fbpx
logo

Повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење

Отворен е повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење, за спроведување на фокус групи  во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“, финансирана од Американската агенција за меѓународен развој во Република Северна Македонија УСАИД, предводена од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Институт за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС), Центарот […]

Постојат сериозни ризици од корупција во правосудството, а решението е да се работи во коренот на проблемите

Отсуствува темелност, дисциплина и постојаност во примена на решенијата и механизмите за реформи во правосудството. Врз одлуките на судиите влијаат нивните колеги, надредените, како и членовите на Судскиот совет, политичарите, и бизнис елитите. Ова е заклучокот од настанот „Како до независно судство?“ кој што Институт за демократија денеска го организираше и на кој се дискутираше […]

Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024

Во период од 14 јуни до 5 јули 2023 година отворен е повик за аплицирање за Швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување, наменета за вработените во Собранието на Република Северна Македонија, кои имаат интерес за професионално усовршување и развој, односно обуки, курсеви и интерес за втор и трет циклус студии во академска 2023/2024 година. Стипендиската програма е отворена за […]

Видео: Неповолна клима за антикорупција 2030

🏆Цел: Антикорупција 2030 ⛈️Клима: неповолна ❌Пречки: Подвоеност, национализам, коалициски интереси, партиски кадар, политички влијанија 🚴🚴‍♀️Клучни играчи: Влада и Собрание 📹Погледнете го видеото за да видите какви предизвици носи неповолната клима и како да се надминат.

Граѓаните против корупцијата

Во наредните пет години, ИДСЦС ќе биде дел од програмата „Граѓаните против корупцијата“ предводена од Македонскиот центар за меѓународна соработка. Покрај ИДСЦС, партнери во програмата се Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија, Македонија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа, Македонија (БИРН). Општа цел на програмата [...]

Анкета на „Програмата за парламентарна поддршка“: Граѓаните со ниска доверба во Собранието и пратениците

Граѓаните имаат ниска доверба во Собранието и пратениците, покажува истражувањето на Програмата за парламентарна поддршка за работата на Собранието на Република Северна Македонија кое беше презентирано во Собранието пред пратениците и претставниците на собраниските служби. На скала од 1 – најниска, до 10 – највисока, граѓаните довербата во Собранието  ја оценија со 3.4 што е […]

Видео: Поволна клима за антикорупција 2030

🏆Цел: Антикорупција 2030 ☀️Клима: поволна 👥Тим: Институции во топ кондиција кои соработуваат 🚴🚴‍♀️Клучни играчи: Влада и Собрание ✅Резултати: надзор, детекција, превенција и санкција на корупцијата 📹Погледнете го видеото за да видите како да се подготвиме за оваа цел.

ИДСЦС одржа обуки за зајакнување на капацитетите во борбата против корупцијата на Собранието и на партиските подмладоци

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје на 25 и 26 мај одржа обуки за претставници на стручната служба на Собранието и за подмладоците на политичките партии. Целта на обуките беше зајакнување на капацитетите за борбата против корупција преку обработка на неколку теми, меѓу кои вовед во борбата против корупција, нивоа на анализа на корупцијата, […]