fbpx
logo

Анализа на внатрешни процедури и процедурални празнини кај јавните претпријатија и секторска длабинска анализа на шест комунални претпријатија

Анализата на внатрешните процедури и процедуралните празнини за следење на перформансот на менаџментот во јавните претпријатија со препораки за подобрување се спроведува втора година по ред и е направена во првиот квартал од 2020 година со јавните претпријатија во Република Северна Македонија. Целта на оваа анализа, како и на анализата направена во 2019 година е […]

Анализа на комисиската расправа за буџетот за 2020 година: Како се дебатираше во матичното работно тело?

Користејќи го Индексот за квалитетот на дебатата како инструмент, Институт за демократија ја набљудуваше буџетската расправа во Комисијата за финансии и буџет. Генерално може да се заклучи дека дебатата од првиот ден беше интензивна со голем интерес за дискусија, чести реплики, контра-реплики и повремени дофрлувања од место. Во рамките на расправата забележани се вкупно 370 […]

Промената во составот на Собранието да не ја промени посветеноста во борбата против корупцијата

Собранието треба да биде централната институција во борбата против корупцијата. Во прилог на ваквото тврдење е фактичката поставеност на националната легислатива според која Собранието врши избор и именување на лицата во клучните институции за борбата против корупцијата. Затоа е важно Собранието да ја засили својата улога и да врши редовен и длабински надзор на работата […]

Видео: Парламентите за младите – Програма на Парламентарен институт „Имам став“

Парламентите во модерните демократии имаат обврска за зголемена заложба за одговорност, и вклучување на граѓаните во парламентарната работа. Тоа значи, да промовираат култура на отвореност преку граѓанска едукација за јавност, а посебно за младите, со цел да се разберат процедурите во Парламентот и улогата на пратениците. Парламентарниот институт, кој е посебна организациона единица во рамките […]