fbpx
logo

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

Склучувањето на директни договори за капитални инфраструктурни проекти, без јавно наддавање го зголемува ризикот од корупција. Таков беше и договорот на тогашната влада со кинеската компанија „Синохидро“ за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Но и покрај тој ризик, ваквите навидум евтини и брзи кредити се примамливи за политичарите од Западен Балкан. Над 10 милиони […]

Суштинско или стерилно: Застапеноста на жените во собраниските состави на Република Северна Македонија (1990 – 2020)

Процесот на демократизација на Република Северна Македонија неизбежно го наметнува и прашањето за зајакнување на женското пратеничко претставништво во државата. Ова унапредување се случува постепено, пред се преку повеќекратни измени во регулативата и делување на жените политичарки поддржани од граѓанските организации. Целта на анализата е да даде рамка на овој развој, квантитативно и квалитативно да […]

Повик за ангажирање на набљудувачи на квалитет на собраниска дебата

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) објавува повик за пријавување на кандидати за платен ангажман како набљудувачи на квалитетот на дискусијата во Собранието. Повикот се однесува за мотивирани дипломирани (магистрирани) или студенти/ки од сите општествено-хуманистички области, аналитичари/ки и активисти/ки од граѓански организации. Со повикот ќе бидат избрани двајца/две набљудувачи/ки кои ќе бидат обучени […]

Адресирање на тековите на корозивниот капитал

Име на проект: Адресирање на тековите на корозивниот капитал Донатор:  Центар за меѓународно приватно претпријатие (CIPE) Времетраење: јули 2019 - септември 2020 Буџет: $32.517 Партнери: Центар за меѓународни и безбедносни работи - ISAC Фонд (Србија), Центар за меѓународна политика (Европски Западен Балкан) (Србија), Центар за граѓански иницијативи (Босна и Херцеговина) и Центар за демократска транзиција [...]

Видео: Тинк Тенк Форум Скопје 2020

Институт за демократија и Европскиот совет за надворешни односи канцеларија Софија во март го организираа третиот Тинк Тенк Форум со наслов „Стимулирање на стратешка автономија. Придонесот на Западен Балкан за заедничка европска иднина“. Овој настан беше составен дел од програмата на ко-претседателството на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот Процес во 2020 година.

Видео: Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието (февруари – март 2020)

Две третини од граѓаните препознаваат дека улогата на Собранието е значителна во однос на политичкиот живот на државата. Сепак, над две третини од нив исто така сметаат и дека Собранието е до извесен степен контролирано од страна на Владата, и покрај тоа што уставна надлежност на Собранието е да ја избере и да врши политичка […]