Најдобри европски практики на финансиска транспарентност на политичките партии

Транспарентноста на финансиските активности на политичките партии е неопходна за нивна отчетност пред граѓаните за парите кои ги добиваат од државниот буџет и за идентификување на потенцијални влијанија од приватни донатори. Податоците за изворите и трошењата на парите на партиите треба навремено да се објавени, во формат кој е лесно достапен и разбирлив за сите […]

ИДСЦС ја организираше работилницата „Колку чини борбата против корупцијата?“

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ во рамки на проектот „Антикорупциски разговори во Парламентот“, од 22 до 24 септември во Охрид ја организираше работилницата  „Колку чини борбата против корупцијата?“. На работилницата присуствуваа пратеници од Собранието, претставници од Кабинетот на Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, како и претставници на Државниот […]

Истражување: Проблемите во финансирањето на политичките партии

Редовна контрола на финансирањето на политичките партии вршат Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување корупција. Иако политичките партии се обврзани, по завршувањето на секоја календарска година, своите финансиски извештаи да ги достават до Државниот завод за ревизија, истиот не е задолжен да врши редовна контрола и ревизија на финансиското работење на политичките […]

Во Велес одржани обуки за зајакнување на капацитетите на граѓанското општество и политичките партии

Во периодот од 10-13 февруари во Велес, Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата во рамки на проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување на корупција“, финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија, организираше две обуки. Темите на обуките беа „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата […]

Инфографик: Какви граѓански организации поддржуваат скопските општини

Линк до инфографикот на Албански јазик: Infographic: Cilat organizata janë të mbështetura në komunat të Shkupit? Податоците во инфографиците се извлечени од краткиот документ за јавни политики: „Ставка 463: Каде и како се трошат средствата за невладините организации“

Краток документ за јавни политики: Каде и како се трошат средствата за невладините организации

Кратката студија на јавна политика е произлезена како резултат на истражувањето кое се спроведе во 10 единици на локална самоуправа во град Скопје, вклучително и градот Скопје. Истражувањето се одвиваше во рамки на проектот „Проект 463: Мониторинг на трансферите до граѓанските организации на локално ниво“ кој Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје го спроведува […]

Проект 463: Мониторинг на трансферите до граѓанските организации на локално ниво

Институтот за демократија ќе работи на зголемување на транспарентноста за начинот на доделување на средства за граѓанските организации од страна на општините. Преку проект поддржан од фондацијата Метаморфозис, Фондација за интернет општество и Британската амбасада во РМ, ИДСЦС во три фази ќе го анализира постоечкиот начин на програмирање и доделување на парите за поддршка на [...]