План за итни состојби

Пополнете го и зачувајте го овој формулар со најважните податоци кои што ви се потребни доколку се случи итна состојба. План за итни состојби

Комплет за итни состојби

Доколку се случи некоја катастрофа треба да имате: храна што не се расипува лесно, пренослив прибор за прва помош, резервни клучеви и полнач. Погледнете што се треба да содржи вашиот комплет за итни состојби со кој што ќе бидете подготвени за првите 72 часа. Симнете ги инструкциите тука: Комплет за итни состојби

Насоки за вклучување за намалувањето ризици од катастрофи на локално ниво

Со оглед на зголемениот број на катастрофалните настани што се случија на подрачјето на државата, последиците од пандемската криза на КОВИД-19, како и потенцијалните нови ризици и закани, се нагласува потребата од соодветно вклучување за намалувањето ризици од катастрофи на локално ниво. Целта на овие насоки за вклучување за намалувањето ризици од катастрофи на локално […]

Видео: Симулациската вежба „Кавадарци – Поплава 2022“

ИДСЦС во соработка со Општина Кавадарци спроведе симулациска вежба за опасност од поплави. Симулирана беше хипотетичка поплава, а надлежните институции директно учествуваа и носеа одлуки во согласност со нивните надлежности.

Хартијата трпи сè: Што ветиле и колку ќе исполнат?

Во октомври 2021 година се одржаа седмите по ред локални избори од осамостојувањето. Резултатите од двата изборни дена донесоа промена на локалната власт во голем дел од општините, вклучително и Град Скопје каде што на функција стапија нови градоначалници и членови на советите. Карактеристично за овие локални избори беше значително зголемениот фокус на прашања поврзани […]

Брзи инструкции за заштита од пожари

Доколку се случи пожар не користете лифт! Ако облеката ви е зафатена од пламен, застанете, покријте го лицето со рацете, легнете на земја и превртете се налево и надесно неколку пати, додека не се изгаси оганот. Погледнете ги останатите брзи инструкции за заштита од пожари. Симнете ги инструкциите тука: Брзи инструкции за заштита од пожари