ИДСЦС ја организираше работилницата „Колку чини борбата против корупцијата?“

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ во рамки на проектот „Антикорупциски разговори во Парламентот“, од 22 до 24 септември во Охрид ја организираше работилницата  „Колку чини борбата против корупцијата?“. На работилницата присуствуваа пратеници од Собранието, претставници од Кабинетот на Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, како и претставници на Државниот […]

Информирани пратеници – отчетни институции – Обука за стручната служба на антикорупциските институции

Институт за демократија на 13 и 14 јули ја одржа обуката „Информирани пратеници-отчетни институции” наменета за стручните служби на антикорупциските институции. Целта на обуката беше зајакнување на капацитетите за известување за борбата против корупција на стручните службеници во Државниот завод за ревизија, Инспекцискиот совет, Државната комисија за спречување на корупцијата и Комисијата за заштита на конкуренцијата. […]

Одржана обука за зајакнување на капацитетите на Собранието во борбата против корупција

Во периодот 17-20 мај, Институт за демократија ја одржа обуката „Информирани пратеници, отчетни институции“ со цел зајакнување на капацитетите на Собранието за борба против корупција. На обуката присуствуваа асистентите на пратеничките групи, вработените во Парламентарниот институт и Буџетската канцеларија при Собранието, а со цел нивно запознавање со процесите и алатките за борба против корупција. Фокусот […]

„Огледалце, огледалце, како ни оди против корупцијата?“ Насоки за надзор врз националната стратегија

Надзорот, при исполнувањето на Националната стратегија за борба против корупција, е важно средство за да обезбеди дека таа дава конкретни резултати за граѓаните, што е цел на секоја јавна политика. Клучното што треба да се обезбеди за да постои успешен надзор е да се препознае дали реформите содржани во стратегијата се делотворни и дали ја […]

Централни напори, фрагментирани надлежности: Владини aнтикорупциски планови и улогата на Собранието

Антикорупциските политики и наративи заземаат сè поголемо место во агендите на владите во регионот на Западен Балкан. Корупцијата претставува една од главните грижи на граѓаните што влијае врз квалитетот на нивниот живот. Северна Македонија е една од земјите со сериозни предизвици во борбата против корупцијата, чија влада, независно од крајниот ефект, произнесе силни заложби во […]

Зајакнување на надзорот над разузнавањето во Албанија, Косово и Северна Македонија

Иако е голем предизвик да се воспостави демократски надзор над разузнавачката заедница во демократиите во развој како Албанија, Косово и Северна Македонија, тоа е сепак од суштинска важност. Во секоја држава разузнавачките служби обично имаат неспоредливи овластувања за собирање, анализа, ширење, управување и класифицирање информации. Затоа ваквите служби може да имаат неспоредливо поголема моќ од […]

Видео: Собранието во борбата против корупцијатa

Собранието има надзорна улога врз Владата, Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија. На собраниските седници, потребно е пратениците да ги повикуваат овие институции да ги образложат актуелните случаи. Важно на овие седници да бидат повикани и граѓанските организации и истражувачки новинари со цел зголемена транспарентност при борбата со корупцијата. Прочитајте повеќе за улогата на Собранието во […]

Видео: Улогата на Собранието во европските интеграции: антикорупција

Улогата на Собранието во евроинтеграциите е да обезбеди дијалог помеѓу политичките партии за стратешките насоки и реформите кои што треба да се предмет на постојан собраниски надзор со цел спречување на корупцијата. Прочитајте повеќе за улогата на Собранието во евроинтеграцискиот процес Улогата на Собранието во европските интеграции: антикорупција

Парламентарен надзор на антикорупциските институции: Анализи на праксите во Западен Балкан

Институт за демократија, во соработка со партнери од регионот, подготви пет документи за јавни политики кои ги анализираат формите на парламентарен надзор врз антикорупциските институции во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора и Србија. Документите се изработени во рамките на проектот „Антикорупциски разговори во Парламентот” кој се реализира со финансиска поддршка од Националниот фонд […]