Останува висока поддршката за членство во ЕУ, Унијата перцепирана како најдобар сојузник за сметка на Русија

Пoддршката на граѓаните за зачленување во Европската Унија останува силна во Македонија и покрај постојаниот тренд на благо опаѓање низ годините. Скоро три четвртини од анкетираните (73%) граѓани во ноември 2017 изјавија дека го поддржуваат членството на земјава во Унијата што е за 4 процентни поени помалку споредено со 2016. Споредено со минатата година има […]