Одржана онлајн конференција „Регионални искуства во парламентарен надзор на борбата против корупција“

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ организираше онлајн конференција насловена како „Регионални искуства во парламентарен надзор на борбата против корупција“. На конференцијата петмина истражувачи од Црна Гора, Албанија, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина ги презентираа нивните регионални искуства од парламентарниот надзор врз антикорупциските тела. Воведни зборови даде нашиот постар истражувач, раководител на Центарот за добро […]

ИДСЦС на конференцијата „Соработка помеѓу В4 и Западен Балкан – која е улогата на тинк тенк организациите?“

Во организација на Словачкото здружение за надворешна политика и Тинк Вишеград, мрежа на тинк тенк организации од државите од Вишеградската група, на 27-ми и 28-ми мај во Братислава се одржа конференцијата насловена како „Соработка помеѓу В4 и Западен Балкан – која е улогата на тинк тенк организациите?“ како спореден настан во рамки на словачкото претседателство […]

Конференција: Предизвиците и недостатоците во управувањето со јавните претпријатија

Половина од луѓето кои управуваат со јавните претпријатија се почетници, немаат соодветно работно искуство или имаат искуство до 5 години од доменот на работата на институцијата. За директори и членови на надзорни одбори се поставуваат личности со средно образование што е во спротивност со законот. Ова се дел од наодите од истражувањето „Кој „тоа“ таму […]

Регионална мрежа на граѓански организации ќе го следи Берлинскиот процес

Формирана е првата мрежа на граѓански организации од Југоисточна Европа со задача да ги набљудува темите кои се дел од Берлинскиот процес – SEE Think Net Network. Мрежата е формирана во март од организации од шесте земји од Западен Балкан дополнети со Словенија и Хрватска со поддршка од Европскиот фонд за Балканот. Координатор на Мрежата […]

Конференција (28.06.2017): Пратениците и граѓанските организации единствени околу потребата за итни реформи во Собранието

Собранието мора да го фати реформскиот бран и со промена на дел од процедурите и начинот на кој работат пратениците да може да ги исполни очекувањата за силен надзор врз работата на Владата, за подобрување на парламентарната дебата и за соработка и вклучување на граѓанските органзации во работата. Претседателот на Собранието Талат Џафери, координаторите на […]

Конференција: „Стратегија на Европската Унија за проширување на Западен Балкан: Ефекти од владеењето на правото“

Научна конференција на која се анализираа ефектите од условувањето на пристапувањето на земјите од Западен Балкан со усогласување со Европската Унија се одржа во Скопје во организација на Центарот за компаративни и меѓународни студии на Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих, поддржана од ИДСЦС и одделот за политички науки на Правен факултет „Јустинијан Први“. […]

Препораки: Како до поефикасна борба против корупцијата?

Системот за борба против корупција не функционира. Како последица на тоа се забележува значително зголемување на степенот на толеранција кон корупција. Потребни се итни и опсежни реформи со цел институциите да го повратат интегритетот и повторно да воспостават систем кој ќе ги штити граѓаните кои пријавуваат корупција. Мора да се воспостаи и систем на одговорност […]