Извештај од фокус-групи: Граѓаните сметаат дека политичарите работат само за свои интереси, а партиите прават раздор

Институт за демократија, денеска во Хотел Лимак, пред претставниците на медиумите и на граѓанските организации го презентираше тематското истражување од осум фокус групи спроведени со цел подобро да се истражи јавната перцепција на квалитетот на живот, довербата во институциите и политичките актери, како и поларизацијата во Северна Македонија. Студијата со фокус-групи беше спроведена во септември […]

Колку чини борбата против корупцијата: инвестиција во човечките ресурси

Корупцијата е сè позначаен приоритет за граѓаните, а толеранцијата кон корупцијата постојано се намалува. Предуслов за исполнување на очекувањата на граѓаните за резултати во борбата против корупцијата, дополнително на политичките заложби, се ресурсите и капацитети со кои располагаат клучните актери во тој процес. Тука особено се важни институциите што имаат таканаречена превентивна улога во борбата […]

Партиска книшка или вистински квалификации – што е пресудно за вработување на високо раководни позиции?

Институциите обезбедуваат услуги како за граѓаните така и за други институции и се клучна алка во успешното спроведување на реформските процеси. Тие трошат јавни (ваши) пари и последиците од нивното работење директно влијаат врз вкупниот квалитет на живеењето и развојот на заедницата. Подобрувањето на нивното работење и квалитетот на нивните услуги многу зависи од луѓето […]

Со институциите не треба да раководи оној кој е посакуван, туку оној кој е најпотребен

Функционални државни институции се предуслов за транспарентно и ефективно демократско владеење и задоволни граѓани. Институциите треба да обезбедат квалитетни и навремени јавни услуги кои ќе им го подобрат квалитетот на животот на граѓаните и ќе им ја вратат довербата во државната администрација. Градењето на силни државни институции е возможно само доколку со нив раководат искусни, […]

Повеќе од надзор? Како до зголемена соработка на Собранието и антикорупциските институции

Во годината што претстои ќе биде исклучително важно Собранието да изгради партнерски однос со најизложените институции во борбата против корупцијата од извршната власт, како Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, Инспекцискиот совет и Комисијата за заштита на конкуренцијата. Ваквиот партнерски однос не значи намален надзор, туку, напротив, подразбира создавање предуслови за […]

Што може системот на јавни услуги да научи од пандемијата?

Oвие тешки моменти, кога во светот владее пандемијата на COVID-19, сепак може да се искористат за да се извлечат поуки за работењето на институциите од јавниот сектор кои доставуваат услуги, а најмногу јавните претпријатија. Пандемијата предизвикана од новиот коронавирус ќе го одреди нашето општествено живеење години нанапред, а со тоа и процедурите кои ќе спречат […]