Антикорупциската комисија во извештајот на Европската комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) e превентивна, самостојна и независна. ДКСК ги дополнува институциите што ја гонат корупцијата, преку водење поединечни постапки, развој на политики и законодавството. ДКСК првично е превентивно тело и согласно со законските одредби има ограничени надлежности за спроведување мерки при прекршување на законот. Токму затоа успехот во борбата против […]

Истражување: Проблемите во финансирањето на политичките партии

Редовна контрола на финансирањето на политичките партии вршат Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување корупција. Иако политичките партии се обврзани, по завршувањето на секоја календарска година, своите финансиски извештаи да ги достават до Државниот завод за ревизија, истиот не е задолжен да врши редовна контрола и ревизија на финансиското работење на политичките […]

Втор извештај за работата на Државната комисија за спречување корупција (октомври – декември 2019)

Следењето на ДКСК во рамки на проектот „Набљудување на успешноста на работењето на Државната комисија за спречување на корупцијата“ се одвива во две фази. Првата фаза е од почетокот на работењето на новиот состав на комисијата, односно по донесувањето на првите одлуки во март 2019 до септември 2019та година, а втората фаза е до крајот […]

Методологија и инструменти на Антикорупциска комисија во пресрет на изборите

Оваа анализа ги разработува методите кои ДКСК ги има на располагање со цел да ги мониторира изборите. Оттаму, анализата опфаќа неколку суштествени прашања: законски овластувања на ДКСК поврзани со корупцијата и судирот на интереси во текот на изборите; алатки и механизми кои на ДКСК ѝ стојат на располагање, односно кои Комисијата ги развила, со цел […]

Зголемување на ефикасноста на работењето на ДКСК

Досегашните резултати отвораат дилема дали можеби Антикорупциска комисија вложува голем дел од своите ресурси на случаи каде што последиците од корупцијата се мали, наместо да се фокусира на високи случаи на корупција и на системски проблеми кои овозможуваат јавно доверената моќ да се злоупотребува за лични и партиски цели. Целта на оваа студија е да […]

Во Велес одржани обуки за зајакнување на капацитетите на граѓанското општество и политичките партии

Во периодот од 10-13 февруари во Велес, Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата во рамки на проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување на корупција“, финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија, организираше две обуки. Темите на обуките беа „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата […]

Повик за учество на обуки

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата во рамки на проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување на корупција“, финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија, организира две обуки за Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата и политичките партии за време на изборен период  и Антикорупциски […]

Презентиран првиот извештај за работата на ДКСК

Платформата на граѓански организации за борба против корупција денеска во Јавна Соба во Скопје, одржа презентација на „Прв извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупција“. Извештајот е дел од проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување корупција“, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Предмет на анализа беа […]

Конкурс за изработка на документи за јавни политики

Со овој конкурс, Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата ги поканува претставниците на граѓанските организации, да го изразат својот интерес за изработка на студија. ТЕМИ Заинтересираните претставници на организациите, треба да подготват студија, не подолга од 5000 зборови, но не и пократка од 4000 зборови вклучувајќи и библиографија, на следнава тема: Анализа на […]