Централни напори, фрагментирани надлежности: Владини aнтикорупциски планови и улогата на Собранието

Антикорупциските политики и наративи заземаат сè поголемо место во агендите на владите во регионот на Западен Балкан. Корупцијата претставува една од главните грижи на граѓаните што влијае врз квалитетот на нивниот живот. Северна Македонија е една од земјите со сериозни предизвици во борбата против корупцијата, чија влада, независно од крајниот ефект, произнесе силни заложби во […]

Кој тоа таму управува?

Овогодинешното издание на анализата се осврнува на именувањата и назначувањето раководни структури по парламентарните избори во 2020 година. Раководните структури што ги набљудувавме претставуваат управители на агенции, управи, претпријатија или единици во состав на министерства кои се именуваат од Владата на Република Северна Македонија. Оваа структура претставува зона помеѓу политичките именувања, како министри и заменици, […]

Над две третини од граѓаните поддржуваат онлајн работа на Собранието  

Над две третини од граѓаните поддржуваат онлајн работа на Собранието, но 37% од нив сметаат дека онлајн треба да работат само пратениците кои се позитивни на Ковид-19 или се во самоизолација. 25% сметаат дека тоа не е потребно. Ова го покажува теренската анкета за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието, која Институтот за демократија […]

Реакција: Владата има обврска кон граѓаните да ги избере најдобрите раководители на институции

Институт за демократија испрати реакција до Претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Зоран Заев и Заменикот на ПВРСМ за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски за именувањето на раководители на неколку јавни институции. Во прилог целата реакција интегрално. Почитуван ПВРСМ г-дин Зоран Заев, Во Институтот за демократија со разочарување ја […]

Граѓанските организации ја повикуваат владата на РСМ да ја промени одлуката за драстично намалување на финансиската поддршка за граѓанското општество

Граѓанското општество и Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор ја повикуваат Владата на Република Северна Македонија да ја преиспита и промени својата одлука за драстично намалување на финансиската поддршка за граѓанските организации, објавена во Службен весник на РСМ на 9 април 2020 година. Оваа одлука со која финансиската поддршка, зависно од институцијата, […]

Реакција: 94 закони предложени во декември 2019 не се објавени на ЕНЕР

Владата на Република Северна Македонија, во декември го прекршила сопствениот Деловник бидејќи од усвоени 120 закони, 94 не биле ставени на консултација на ЕНЕР (единствениот национален регистар на прописи). Ова е утврдено со следење на отвореноста на процесите на подготовка на закони преку редовно објавување на ЕНЕР. Ако се погледнат предлог текстовите на овие 94 […]

Анализи: Како се планираат ПВР процесите и како се спроведуваат консултациите со засегнатите страни

Постоење на реален и добар план за спроведување на процесите на проценка на влијание на регулативата и организирањето на суштински консултации со засегнатите стани се дел од клучните елементи за создавање на добри закони кои се засноваат на податоци, истражувања и проценка на најдобрите опции. При анализата на овие два сегменти од ПВР (планирањето и […]

Извештај од набљудување на спроведувањето на реформите од План 3-6-9 во вторите 3 месеци

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС во соработка со фондацијата Конрад Аденауер го следи спроведувањето и исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9. Врз основа на методологија развиена од ИДСЦС се проценува реализираноста на активностите наведени во планот. Вториот извештај кој се однесува на вторите три месеци од спроведувањето на планот, e јавно презентиран на 5 март 2018, понеделник, во ЕУ Инфо […]