Следење на спроведувањето на реформите: „Трка на 3-6-9 со пречки“

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) поддржан од фондацијата Конрад Аденауер го следи спроведувањето и исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9, врз основа на методологијата развиена од ИДСЦС според која се проценува реализираноста на активностите наведени во планот. Првиот извештај кој се однесува на првите три месеци од спроведувањето на планот, беше јавно презентиран на 28ми ноември, вторник, во ЕУ Инфо […]

Граѓанските организации презентираа дополнување на предлогот за итни демократски реформи

Надградена верзија на „Предлог на граѓанските организации за итни демократски реформи“ за следните 6, 9 и 12 месеци, денеска беше презентирана на прес-конференција во име на 73 граѓански организации и експерти. Предлозите за реформи се изработени од страна на 146 учесници на Форумот на граѓански организации на 4 и 5 јули годинава, а се надоврзуваат […]

Граѓанските организации во Собрание се осврнаа на владиниот реформски план 3-6-9

Осврт кон реформските приоритети на Владата наведени во планот 3-6-9 денеска дадоа граѓанските организации кои се дел од иницијативата „Предлог за итни демократски реформи“на јавна расправа во Собранието посветена на владиниот реформски план. Претходно премиерот Зоран Заев во рамки на расправата која се одржа во Комисијата за европски прашања го изложи планот за реформските активности […]

Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) во соработка со Центарот за економски анализи (ЦЕА) ќе анализираат како се спроведува процесот на проценка на влијание на регулативата (ПВР) при создавањето на законите и каква е можноста за граѓанските организации да се вклучат во создавањето на јавните политики во Македонија. Преку проектот „Проценка на влијанието на регулативата [...]