Над две третини од граѓаните поддржуваат онлајн работа на Собранието  

Над две третини од граѓаните поддржуваат онлајн работа на Собранието, но 37% од нив сметаат дека онлајн треба да работат само пратениците кои се позитивни на Ковид-19 или се во самоизолација. 25% сметаат дека тоа не е потребно. Ова го покажува теренската анкета за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието, која Институтот за демократија […]

Се зголемува евроскептицизмот кај младите, но ЕУ се уште се смета за најголем сојузник

Институтот за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка со канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје денес на онлајн платформата Зум ги презентираа наодите од двете истражувања за јавното мислење за македонскиот процес на пристапување во Европската Унија. Двете истражувања претставуваат надоврзување на повеќегодишното истражување на јавното мислење за евро-интегративниот процес. Изминатата година [...]

ИДСЦС ги презентираше резултатите од анкетата за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието пред пратениците и собраниските служби

Институт за демократија денеска одржа онлајн презентација на резултати од анкетата за работата на Собранието на Република Северна Македонија пред пратениците и претставници на службите на Собранието. Настанот се одржа во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) на Собранието на Република Северна Македонија, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарска […]

Анкета: Се намалува средната оценка на граѓаните за работата на Собранието

Над 70% од граѓаните сметат дека избраните претставници во Собранието секогаш тргнуваат од своите лични или интересите на својата политичка партија, додека половина од граѓаните сметаат дека пратениците само понекогаш ги имаат предвид интересите на граѓаните (Слајд 8). Ова го покажува анкетата за перцепциите на граѓаните и јавноста за работата на Собранието, која Институтот за […]

Паѓа кредибилитетот на ЕУ, но сѐ уште се смета за најголем сојузник на државата

Иако сѐ уште е значително висок, забележан е пад на кредибилитетот на ЕУ и важноста на ЕУ во животите на македонските граѓани, но Унијата се уште се смета за најголем сојузник на државата (во 2018, 72% од испитаниците се изјасниле дека би гласале на референдум за влез во ЕУ, додека 2019 така одговориле 65%).  Во 2018 […]

Анкета: Доверба во политичарите и политичките партии

Вонредните парламентарни избори кои треба да се одржат во април 2020 година беа причина Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) да ги проверат ставовите на граѓаните за актуелните политички случувања во земјата. Денес ги објавуваме податоците од третиот (последен) дел на истражувањето кои се однесуваат на […]

Перцепција на граѓаните за работата на Собранието 2009 – 2019

Институт за Демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), во периодот 2009 – 2019, во континуитет ја следи перцепцијата на граѓаните за работата на Собранието, а резултатите од анкетите се публикуваат на годишно ниво. Оваа компаративна анализа ги прикажува резултатите на перцепциите на граѓаните во последните десет години, го прикажува движењето на трендовите во одредени области, […]

Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието 2008-2019 година

Институт за демократија „Социетас Цивилис“, континуирано од 2008 година изработува анкети за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието и пратениците. Последната анкета која што беше спроведена во периодот јуни 2018 – април 2019 година ќе биде јавно објавена на крајот на август. Запознаеноста на граѓаните со работата на Собранието, односот помеѓу пратениците, перцепциите за […]

Анкета: Претседателски избори 2019 – втор дел

Во извештајот „Претседателски избори 2019 – втора анкета“ се презентирани и анализирани ставовите на граѓаните во Македонија во однос на претстојните претседателски избори, добиени преку испитувањето на јавното мислење во периодот од 7 до 11 април 2019 година, а кое за Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институт за демократија “Социетас цивилис“ – Скопје […]