logo

Публикација: „Судир на интереси во јавната администрација“

logo mreza mk
Share on facebook
Share on twitter

logo mreza mk

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“ ја публикуваше студијата „Судир на интереси во јавната администрација: состојба, правна рамка за превенција и ефективност на моделот“. Автор на студијата е Драган Гоцевски, доктор по политички науки и доцент на Правниот факултет „Јустинијан први“.

Студијата понудува преглед на актуелната состојба во полето на превенција од судирот на интереси во Република Македонија. Авторот се насочува во презентација на актуелните законски прописи кои ја регулираат оваа проблематика, националните стратешките цели за унапредување на политиките за спречување на судирот на интереси, надлежните институции и нивните ингеренции во оваа сфера. Студијата афирмира и препораки за иден развој на рамката за спречување на судир на интереси.

Публикацијата може да се преземе бесплатно на три јазика mk al en

Проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“ е спроведуван од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“(ОИ), Институтот за економски стратегии и меѓународни односи „Охрид“ (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Проектот е финансиски подржан од Европската Унија во рамки на програмата Civil Society Facility.

Поврзани објави