logo

Прв извештај од мониторинг на медиумското известување за работата на Собранието

vesnici-monitoring
Share on facebook
Share on twitter

vesnici-monitoring

Парламентарните седници на кои се расправаше за одземањето на мандатите на опозицијата и измените на законот за високо образование го добија медиумското внимание во декември. Меѓутоа, и покрај следењето на овие теми медиумите во овој период повторно најмногу го споменуваа Собранието во контекст на бојкотот на опозицијата и генерално на пошироките политичките односи во државата. Јавноста и во овој период само во мал дел е информирана за случувањата во Собранието кои се однесуваат на точките од дневниот ред.

Во декември се намали процентот на информации во медиумите во кои како извори се наведени пратеници од само една политичка опција, а се зголеми процентот во кои се наведени истовремено пратеници и од власта и од опозицијата.

Ова се дел од наодите во Четвртиот извештај од мониторингот на медиумското известување за работата на Собранието mkal спроведен во периодот од 1 до 31 декември.

Со истражувањето се опфатени објавени текстови и прилози на следните медиуми: Дневник, Утрински весник, Вечер, Слободен печат, Коха, Лајм, Сител, Телма, Алсат-М и МРТ2 програма на албански јазик. Мониторингот е дел од проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делибератививниот дискурс“ финансиски поддржан од Европската Унија.

Во прилог е и облакот од најкористените зборови во насловите на текстовите и најавите на прилозите кои се однесуваат на Собранието објавени во декември.

Mediumi-dekemvri-web

Претходните извештаи од мониторингот на медиумското известување од Собранието, но и од монитрингот на квалитетот на дебатата во парламентот можете да ги најдете на следниот линк http://www.idscs.org.mk/mk/tekovni-proekti/sobranieto-pod-lupa .

Поврзани објави