Aнализа на флексибилноста на наставните планови и програми вo високото образование и решавање на судирот на интереси во високообразовниот систем во Република Македонија

Aнализа на флексибилноста на наставните планови и програми вo високото образование и решавање на судирот на интереси во високообразовниот систем во Република Македонија

Анализа на јавни политики /Анализи /Област /Образование /Публикација

Предлог Законот за високо образование, кој е веќе влезен во собраниска процедура, нуди одредени решенија за кои постои реална потреба да се анализираат потемелно бидејќи адресираат критични аспекти на високото образование. Од една страна е проблемот на рапидно растечките потреби на пазарот на труд во Република Македонија, на кој ќе мора да му се приклучи и честа и флексибилна адаптација на наставните програми и планови, што во моментов не е доволно адресирано во законските норми и универзитетските статути. Од друга страна, постои веќе хронична потреба да се адресира судирот на интереси помеѓу различните високообразовни (и останати) установи, доколку се земе во предвид дека оваа проблематика не е решена во рамките на статутарните одредби на универзитетите. Токму затоа, компаративна анализа на условите и начините на менување на наставните планови и програми, како и анализа на решавањето на проблемот на конфликт на интереси во високото образование (преку регионалните и светски искуства) се наметнуваат како предмет на оваа политичка анализа.

Целиот документ може да го најдете на следниот линк: http://idscs.Policybrief_visoko%20obrazovanie.pdf

Aнализа на флексибилноста на наставните планови и програми вo високото образование и решавање на судирот на интереси во високообразовниот систем во Република Македонија

Share