Краток документ за јавни политики: Пратеничка активност, должност или избор?

    Краток документ за јавни политики: Пратеничка активност, должност или избор?

    Анализи /Бриф за јавна политика /Област /Парламент /Публикација

    Институтот за демократија во насока на развојот на доброто управување, партиципативната политичка култура и соживототпомеѓу различностите го анализираше учеството на пратениците Албанци во работата на Собранието во поголем дел од мандатот на последниот состав.

    Според Деловникот на Собранието на Република Македонија пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето.

    Спротивно на ова од 2268 набљудувани дискусии во период од јуни 2014 до мај 2015 , 1926 дискуси беа водени од македонските пратеници, додека само 280 од албанските пратеници, односно 85% од дискусиите беа водени од македонските пратеници, 12% од албанските пратеници и само 3% од останатите етникуми.

    Истиот тренд може да се забележи и во последниот извештај од набљудувањето (април 2016 – јуни 2016) каде како најактивни, повторно, се појавуваат пратеници Македонци кои ги водеа 91% од дискусиите, пратениците Албанци водеа само 7% од дискусиите, додека пратениците од другите етнички групи водеа 2% од дискусиите.

    Темите за кои пратениците Албанци се најгласни се однесуваат на процесот на интеграција во Европската Унија. Во дискусијата за Извештајот за реализираните активности од националната програма за усвојување на правото на ЕУ, 50% од дискусиите беа водени од пратеници Албанци. Друга тема во нивни интерес се дискусиите околу јазичните политики, а пратениците на ДПА специфично најчесто се фокусираа на дебатите за државниот буџет. Од друга страна, пратениците Албанци се минимално или воопшто не се вклучени на седници кога се дискутира за закони и теми кои се однесуваат на спорт, заштита на децата, социјално осигурување, здравство, извештаи на државни органи, пензиско осигурување, седниците посветени на пратенички прашања, кривичниот законик, комисијата за верификација на факти итн.

    Во целиот набљудуван период од (јуни 2014 до јуни 2016) на седниците посветени на пратенички прашања активноста на пратениците Албанци беше минимална. Во првиот набљудуван период, кој трае 12 месеци (јуни 2014 – мај 2015), тие учествуваа во 13% од дискусијата. Во вториот период (1 септември – 30 ноември 2015) на трите одржани седници за пратенички прашања тие учествуваа во само 5% од дискусиите. Во третиот период (1 декември 2015 до 7 април 2016) тие беа активни во само 3% од целата водена дискусија на седниците посветени на  пратенички прашања. Во четвртиот набљудуван период во Собранието се

    оддржа само една седница посветена на пратенички прашања на 30 јуни 2016, на која за разлика од предходните, пратеници Албанци беа најактивни со нивните прашања, водејќи 19% од дискусиите.

    Од друга страна Комитетот за односи меѓу заедниците како едно од работните тела каде формално може да се дискутира за прашања околу односите меѓу заедниците во текот на последниот состав на Собранието одржа само три седници фокусирани на технички прашања.

    Пратениците во Собранието имаат генерален мандат и нивна должност е да ги претставуваат сите граѓани. Преку поголемо учество во дискусиите за сите теми од работата во законодавниот дом пратенците можат да дадат поголем придонес кон мултиетничкото и мултикултурното општество и унапредување на состојбата на сите заедници на јавни седници.  Со тоа ќе се оствари заложбата на граѓаните за потранспарентно решавање на проблемите и кризите и ќе се ограничи можноста за носење на одлуки на затворените врати на средби на  политичките лидери.

    Препораки

    Многу е важно сите погледи кон едно прашање да бидат изнесени од собраниската говорница, затоа што одлуките донесени во Собранието влијаат на сите граѓани на Република Македонија пропорционално, а дискусијата во Собранието помага овие одлуки да бидат поразумни.

    Репликите и контрарепликите се многу важен фактор во развивање на дискусијата помеѓу пратениците од сите политички партии. Пратениците од сите етнички групи во Собранието – треба да се вклучат во размената на аргументи.

    Претседателите на двете албански партии во Собранието, ДУИ и ДПА – треба почесто да присуствуваат на седниците на Собранието. Со тоа што тие го олеснуваат патот за другите пратеници, од редовите на нивните политички партии, да бидат поактивни во Собранието.

    Во едно мултиетничко општество, важно е да се зацврсти улогата на телата како што е Комитетот за односи меѓу заедниците – исполнувајќи ја својата должност Комитетот би можело да се зацврсти како место каде граѓаните би можело сигурно да сметат дека нивните претставници ќе дискутираат за етничките прашања и дека за меѓуетничките проблеми има место и во формалните државни тела.

    Целиот документ за јавни политики е достапен на следните линкови на македонски и албански јазик:

    Краток документ за јавни политики: „Пратеничка Aктивност: Должност или избор“ 

    Dokument i shkurtër mbi politikat publike: „Aktiviteti i deputetëve: Detyrë apo zgjedhje“

    Policy Brief: “MP Performance: Duty or choice”

    Краток документ за јавни политики: Пратеничка активност, должност или избор?

    Share