Број 45: Лидерството и институциите

pm4501

Број 45: Лидерството и институциите

Добро владеење /Наука и истражување /Област /Политичка мисла /Публикација

pm4501

На 12 март 2014 година во хотелот „Stone Bridge” во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС Скопје (ИДСЦС), се одржа тркалезната маса на тема „Лидерството и институциите: легитимитетот и балансот на моќ меѓу институциите на политичкиот систем“. На настанот беше промовирано 45-тото издание на кварталниот магазин „Политичка мисла“и беше промовирана книгата „Градење безбедносна политика – случајот со Република Македонија“ од Раде Рајковчевски, во издание на Фондацијата Конрад Аденауер и Факултетот за безбедност – Скопје.

pm4502
На тркалезната маса со свои излагања зедоа учество: Каролина Ристова-Астеруд, Васко Наумовски, Денис Прешова и Александар Спасеновски, сите од Правниот факултет „Јустинијан први“ и Јонуз Абдулаи, професор од Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово. Дискусијата беше модерирана од Иван Дамјановски од ИДСЦС.

pm4503
Во рамки на промоцијата на книгата „Градење безбедносна политика – случајот со Република Македонија“ до присутните се обратија рецензентите проф. д-р Томе Батковски од Факултетот за безбедност – Скопје и проф. д-р Пере Аслимоски од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, како и авторот на делото доц. д-р Раде Рајковчевски од Факултетот за безбедност – Скопје.

pm4504
45-тото издание на Политичка мисла, насловено „Лидерството и институциите: легитимитетот и балансот на моќ меѓу институциите на политичкиот систем“ е прво издание на списанието во 2014. Ова издание донесува 10 стручни труда од различни автори кои ја обработуваат темата од различни аспекти и перспективи.
Целосното издание на Политичка мисла 45 може да се превземе овде.

Број 45: Лидерството и институциите

Share