Број 44: Етнички конфликт: нови перспективи на старата реалност

    pm4401

    Број 44: Етнички конфликт: нови перспективи на старата реалност

    Eтнички прашања /Наука и истражување /Област /Политичка мисла /Публикација

    pm4401

    На 12 декември 2013 година во Народната и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС Скопје (ИДСЦС), се одржа тркалезната маса на тема „Етнички конфликт: нови перспективи на старата реалност“. На настанот беше промовирано 44-тото издание на магазинот „Политичка мисла“, како и книгата „Културните идентитети на политиката – аспекти на мултикултурализмот“ на авторката Ана Чупеска во издание на Фондацијата Конрад Аденауер.

    pm4402

    На тркалезната маса со свои излагања зедоа учество: професор д-р Владо Поповски од Правниот факултет „Јустинијан први“, офицерот за меѓуетнички односи при одделот за координација на меѓуетничките односи во мисијата на ОБСЕ Скопје Атина Скуларики, доцент д-р Зоран Илиевски од Правниот факултет „Јустинијан први“, професор д-р Ветон Латифи од Универзитетот на Југоисточна Европа, авторот на книгата Ана Чупеска од Правниот факултет „Јустинијан први“ и професор д-р Али Пајазити од Универзитетот на Југоисточна Европа. Дискусијата беше модерирана од Ненад Марковиќ од ИДСЦС.

    pm4403

    44-тото издание на Политичка мисла, насловено „Етнички конфликт: нови перспективи на старата реалност“ содржи 18 труда од домашни и странски автори кои ги обработуваат етничките конфликти од различни перспективи. Истражувачот од ИДСЦС, Јован Близнаковски, учествува со свој труд насловен „Симболички аспекти на градењето на нација: приказна за трите верзии на Преамбулата на македонскиот устав“.

    pm4404

    Целосното издание на Политичка мисла 44 може да се превземе следниот линк: http://idscs/political%20thought%2044.pdf.

    Број 44: Етнички конфликт: нови перспективи на старата реалност

    Share