Број 43: Надворешна политика и аспекти на меѓународната дипломатија

Број 43: Надворешна политика и аспекти на меѓународната дипломатија

Меѓународна политика /Надворешни работи /Наука и истражување /Област /Политичка мисла /Публикација

pm 43 1

На 02.10.2013 година во хотелот „Stone Bridge“ се одржа промоција на 43-то издание на кварталната публикација „Политичка мисла“ во издание на Фондацијата „Конрад Аденауер“ (КАС) и Институтот за демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС Скопје (ИДСЦС) на тема: „Надворешна политика и аспекти на меѓународна дипломатија: Македонската дипломатија во третата деценија од независноста“.

pm 43 2

На првата панел дискусија воведен збор имаше Ања Чимек, официјален претставник од КАС која даде една детална анализа на штотуку завршените избори во Германија. Таа ги презентираше резултатите од изборите и објективно ги претстави перспективите за во поблиска иднина, и за тоа како германскиот народ очекува да се одвиваат политичките случувања во оваа земја.

pm 43 3

Во првиот панел од промоцијата свои обраќања имаа: Никола Попоски – Министерот за надворешни работи во Владата на Република Македонија, Денко Малески – Универзитетски професор и поранешен Министер за надворешни работи и Антонио Милошоски – актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија и исто така поранешен Министер за надворешни работи. Модератор на панелот беше претседателот на ИДСЦС, Владимир Мисев кој уште на самиот почеток нагласи дека оваа промоција нема претензии да стане арена на која ќе се мерат ставовите околу спорот за името, туку ќе се има еден подиректен пристап кон анализа на надворешната политика на Македонија.

pm 43 4

Во вториот дел од промоцијата се одржа поширока дебата на која експерти од областа на надворешната политика разменија дел од своите искуства помеѓу себе и со останатите присутни во салата.

pm 43 5

Овој дел беше модериран од страна на Ненад Марковиќ, еден од основачите на ИДСЦС, а со свои излагања на темата на промоцијата зедоа учество: Александар Спасеновски – пратеник во Собранието на Република Македонија, Гордан Георгиев – член на претседателството на СДСМ, Звонко Јанкуловски – Универзитетски професор, Јован Андоновски – Државен секретар во Министерството за Надворешни Работи и Стево Пендаровски – член на претседателството на СДСМ.
Главен фокус на двата панели беше надминувањето на спорот за името со јужниот сосед и блокирање на евроинтегративните процеси.

pm 43 6
Александра Мургоска, проектен асистент од ИДСЦС, имаше своја контрибуција и е еден од авторите во ова издание. Нејзината тема е насловена: „Влијанието на ООН како мировна организација врз превентивната дипломатија“.

Овој настан побуди огромен медиумски интерес, на следните линкови можете да ги погледнете текстовите/видеата од медиумите поврзани со истиот:

ТВ Алфа: http://www.alfa.mk/News.aspx?id=63994#.UkwKMdJpn0A

Вечер: http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=83C53B86D7BD7D4F881F3A766D8461A0

ТВ Сител: http://www.sitel.com.mk/mk/debata-sporot-za-imeto-problem-i-dilema-za-makedonskata-diplomatija

Прес 24: http://www.press24.mk/debata-sporot-za-imeto-problem-i-dilema-za-makedonskata-diplomatija

Глас на Америка: http://mk.voanews.com/content/macedonia/1760907.html

Нова ТВ: http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=8066

Денешен: http://denesen.mk/web/2013/10/01/debata-sporot-za-imeto-problem-i-dilema-za-makedonskata-diplomatija/

Максим: http://maxim.mk/debata-sporot-za-imeto-problem-i-dilema-za-makedonskata-diplomatija

ТВ Алсат: http://bit.ly/15I6Y2C

24 Вести: http://24vesti.mk/zamrznuvanje-na-razgovorite-za-imeto

Телеграф: http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/43736-debata-sporot-za-imeto-problem-i-dilema-za-makedonskata-diplomatija

Нова Македонија: http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=25032

+Инфо: http://www.plusinfo.mk/vest/107949/Miloshoski-Razgovorite-za-imeto-da-se-zamrznat

Sky:http://www.sky.mk/index.php/makedonija/25778-miloshoski-razgovorite-za-imeto-da-se-zamrznat

Таратур: http://www.taratur.com/node/47987

Најновиот број на политичка мисла можете да го превземете на следниот линк: http://idscs/број-43/2013/10/pm%2043.pdf.

Број 43: Надворешна политика и аспекти на меѓународната дипломатија

Share