Број 38: Медиуми и Слобода на Изразување

pm38 odrzan

Број 38: Медиуми и Слобода на Изразување

Добро владеење /Медиуми и комуникации /Наука и истражување /Област /Политичка мисла /Публикација

pm38 odrzan

На 12.06.2012 година во хотелот ‘Stone Bridge’ се одржа промоцијата на 38-ото издание на кварталната публикација „Политичка Мисла“ во издание на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за Демократија „Социетас Цивилис“ Скопје на тема: „Медиуми и Слобода на Изразувањето“.

Конференцијата со воведно излагање ја отвори г-ѓа Ања Чимек – Официјален претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Република Македонија. Во нејзиното излагање таа се осврна на медиуните и слободата на изразувањето, а особено улогата на Фондацијата „Конрад Аденауер“ која активно го помага процесот на надминување на пречките во остварување на целта за слобода на медиумите и на медиумското изразување.

Модератор на панел дискусијата беше г-дин Владимир Мисев, претседател на Институтот за Демократија „Социетас Цивилис“ Скопје кој имаше свој воведен говор за слободата во новинарството и генерално во медиумите. Панел дискутантите г-дин Срѓан Керим – Претседател на Управен Одбор на МПМ, г-дин Зоран Трајчевски – Претседател на Совет за Радиодифузија, г-дин Насер Селмани – Претседател на Здружението на Новинарите, г-дин Александар Чомовски – Новинар имаа плодна дискусија во врска со слободата на медиумиите. Посебен акцент беше ставен на слободата на новинарите од политички и бизнис притисоци, етиката во новинарството, улогата на новинарите како коректив на општествено-политичките случувања а посебно на институциите на државата како и на социјалниот статус на новинарите.

Освен панел дискутантите, на настанот особено активно учество зедоа и присутните гости со нивни прашања и сугестии.

pm38 01

pm38 02

pm38_03

pm38 04

pm38 05

pm38 06

Број 38: Медиуми и Слобода на Изразување

Share