Број 34: Етничка, социјална и полова еднаквост

Број 34: Етничка, социјална и полова еднаквост

Eтнички прашања /Еднаквост /Наука и истражување /Област /Политичка мисла /Публикација

Почитувани читатели, На 13 август оваа година се навршуваат десет години од постигнувањето на Охридскиот рамковен договор (ОРД). Со овој договор се стави крај на една неславна епизода во скорешната историја на Република Македонија, но и се воведе комплетно нова политичка и конституционална парадигма во функционирањето на политичкиот систем на државата. Од една страна, ОРД имаше за цел да смири еден конфликт кој во очите на еден дел од граѓаните на Република Македонија произлезе од нивната нееднаква општествена положба. Од друга страна, тој треба да понуди и модел преку кој граѓаните од различна верска и етничка припадност би се акомодирале на унитарниот модел на современата либерал-демократска држава, а преку комбинација на консензуални и интегративни механизми. Секако, повторно со цел за постигнување еднаква положба во политичката и општествена арена на групи со различен етнички бекграунд. Токму еднаквоста, како политички концепт, е еден од идеалите на современото Просветителство и рационален дух, и е дел од фундаменталните вредности на сите европски устави, вклучително и македонскиот устав. Најголем дел од револуциите во Европа, почнувајќи со Француската буржоаска револуција од 1789 година, се водеа токму заради социјална и политичка еднаквост на големи слоеви на општеството, често и по цена на нејзино брутално негирање. Големите работнички револуции, а најмногу Октомвриската револуција во Русија од 1917, во себе го имаа идеалот на еднаквоста, но не ретко водеа до нејзината потполна спротивност. Оттука, јасно е дека еднаквоста е идеализирана политичка категорија, чија имплементација во социјалниот контекст знае да изроди редица општествени аномалии, напати дијаметрално спротивни од посакуваната ЕТНИЧКА, СОЦИЈАЛНА И ПОЛОВА ЕДНАКВОСТ автори: Ања Чимек / Ненад Марковиќ // ВОВЕД 6 политичка мисла бр. 34 општествена цел. Дури и „годината на чуда“ 1989, која роди редица мали револуции во Источна и Југоисточна Европа, не донесе социјална и политичка еднаквост од онаа страна на Железната завеса, туку уште поголемо социјално раслојување за кое допрва ќе треба да се бараат одговор и решение. Она што тие всушност им донесоа на голем број земји во Источна и Југоисточна Европа беше огромна поларизација на општеството, прашање што допрва треба да се разгледа, зашто таквата поларизација, исто така, го попречува процесот на интеграција којшто е од суштинско значење за целиот регион. Од оваа причина, уредничкиот одбор на „Политичка мисла“, во овој број се реши да се задржи на концептот на еднаквост, и тоа не само на етничката еднаквост. Иако ОРД предоминантно ја регулира оваа витална сфера, концептот на еднаквост опфаќа многу поширок општествен простор. Иако е директна инспирација за формулирањето на фокусот на овој број на „Политичка мисла“, ОРД одговара само на дел од посакуваниот општествен еквилибриум на еднаквост, не регулирајќи ги социјалната, половата или другите форми на еднаквост, што секако не беше и негова цел. Сепак, за да се направи целосен пресек на состојбата во државата треба да се опфатат сите сфери во кои постои борба за еднаквост, што е и интенција на овој број на „Политичка мисла“. Текстовите кои беа избрани за ова издание треба да ги рефлектираат состојбите во однос на етничката, половата и социјалната еднаквост, кои во историјата на политичкиот развиток на Европа, но и пошироко, следствено се надоврзуваат една на друга. Се надеваме дека понудените текстови ќе дадат барем делумна слика за состојбите во сферата на етничката, половата и социјалната еднаквост и ќе предизвикаат интерес за некои нови дебати но и активизам. Со почит, м-р Ања Чимек, Фондација „Конрад Аденауер“ д-р Ненад Марковиќ, ИДСЦС.

Целосниот документ може да го најдете на следниот линк: http://idscs/broj-34.pdf

Број 34: Етничка, социјална и полова еднаквост

Share