logo

Централни напори, фрагментирани надлежности: Владини aнтикорупциски планови и улогата на Собранието

Share on facebook
Share on twitter

Антикорупциските политики и наративи заземаат сè поголемо место во агендите на владите во регионот на Западен Балкан. Корупцијата претставува една од главните грижи на граѓаните што влијае врз квалитетот на нивниот живот.

Северна Македонија е една од земјите со сериозни предизвици во борбата против корупцијата, чија влада, независно од крајниот ефект, произнесе силни заложби во адресирањето на овој феномен.

Соочена со очекувањата на граѓаните, како и зголемениот фокус на владеење на правото во преговарачкиот процес со Европската Унија, Владата на Република Северна Македонија ја надгради институционалната рамка со цел подобра координација на политиките.

Креирањето посебно портфолио на Заменик-претседател на Владата, задолжен за борба против корупција, како и објавата на два акциски плана за борба против корупцијата придонесе кон централизирање и подигнување на антикорупцискиот наратив и перформанс во рацете на Претседателот на Владата. Ваквиот процес создаде една нова рамка различна од фрагментираниот пејзаж на институции и активности во кој досега се спроведуваше борбата против корупцијата. Овој процес делумно ја префрлува одговорноста за успехот во борбата против корупцијата на Претседателот на Владата и неговите заменици.

Иако плановите претставуваат владина активност, сепак Собранието е клучен сегмент при нивна имплементација и потребна е поблиска комуникација и порано вклучување на пратениците при дизајнирањето на политиките чија имплементација зависи од законски измени. Од аспект на Собранискиот надзор, Собранието е потребно да изнајде начин како ќе го прилагоди следењето на антикорупциските институции во услови на централни координирани активности и од каде ќе ја бара одговорноста за спроведувањето.

Оваа кратка студија на јавни политики има за цел да ги разгледа механизмите преку кои борбата против корупцијата, од фрагментирана добива елементи на централизирана политика, координирана од страна на Претседателот на Владата и неговите заменици и како тоа влијае врз механизмите за надзор од страна на Собранието.

Брифот на македонски јазик може да го прочитате тука:

Централни напори, фрагментирани надлежности: Владини aнтикорупциски планови и улогата на Собранието

Брифот на албански јазик може да го прочитате тука:

Pёrpjekje qendrore, kompetenca tё fragmentuara: Planet qeveritare kundёr korrupsionit dhe roli i Kuvendit

Брифот на англиски јазик може да го прочитате тука:

Centralized efforts, fragmented responsibilities: Governmental anti-corruption plans and the role of Parliament

Поврзани објави